Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Енергија


Цени на електричната енергија и природниот гас, второ полугодие од 2024 година

вторник, 01 април 2025


Ве известуваме дека соопштението за второто полугодие од 2024 година е повторно објавено на 02.05.2025 година на следниот линк.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто полугодие од 2024 година, во споредба со првото полугодие од 2024 година, просечната цена на електричната енергија за домаќинствата во Република Северна Македонија останува непроменета – 6.625 денари по KWh.

Просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 5.863 до 11.976 денари по KWh по групи на потрошувачи.

Просечната цена на природниот гас без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 828.163 до 1 404.270 денари по GJ по групи на потрошувачи.

Просечната малопродажна цена на природниот гас за домаќинствата е 1 790.185 денари за GJ.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389295666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика